Легендарниот актер Шон Конери почина на 31. октомври на 90-годишна возраст во семејната куќа на Бахамите, а неговата сопруга сега објави дека пепелта со неговите посмртни останки ќе биде расфрлана во неговата родна Шкотска.
„Ќе го вратиме Шон во Шкотска – тоа беше неговата последна желба. Тој сакаше неговата пепел да се истури на Бахамите и во неговата матична земја“, изјавила Мишелин за Scottish Mail во неделата.
Сопругата на покојниот Бонд рече дека ќе ја реализираат неговата последна желба кога ќе им биде дозволено да патуваат, бидејќи тоа сега е невозможно заради сегашната ситуација околу пандемијата на коронавирусот.
„Кога е можно и безбедно повторно да патуваме, тогаш намерата на семејството е да се врати заедно со него во Шкотска“, рекла Мишелин, која беше 45. години во брак со Шон Конери, додавајќи:
„Ние би сакале да организираме помен за него во Шкотска. Тоа е нашата надеж. Но, не можеме точно да кажеме кога тоа ќе се случи“.