Утре со почеток од 11:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Електро-акустичен доручек“. Настанот ќе се одржи кај црквичката во населбата Жданец.
„Акустичен доручек“ е настан кој започна во 2017 како самостоен концерт на Minstrel’s Gallery, а подоцна од него настана фестивалот „Синестетика“.
На „Електро-акустичен доручек“ ќе настапат: Lorekeepers Guild, Minstrel’s Gallery, Improof и Алембик.
Доручеци:
– Акустичен: греено вино и кобасици на жар (Марио Порчиќ)
– Електричен: есенска летна манџа (Тина Ефинска)
– Плински: sunny side up (Матеј Тројачанец)