ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ – Австралиец користел виљушкар за да спречи кражба на автомобил

Австралиец се решил на необичен потег за да спречи кражба на неговиот автомобил.
Австралиската полиција соопшти дека жена провалила во домот на Брендан Милс во Логан, западно од Бризбејн, по што се истуширала и се пресоблекла, а потоа се обидела да украде автомобил. Сепак, Милс ја спречил во тоа.
Видел како се затвора вратата од неговиот автомобил во движење и реагирал со молскавична брзина, го стартувал виљушкарот и го подигнал автомобилот од земја.
„Се’ се случи многу брзо. Неколку пати и реков да излезе од автомобилот, дека сме дома и дека е фатена, дека се е готово. Но, таа не сакаше да излезе од автомобилот”, рекол Милс.
Набргу потоа пристигнала полиција која го пронашла автомобилот „во воздух“. Возилото полека било спуштено, а жената била уапсена. Таа ќе се појави на суд во јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …