Единствениот хороскопски знак на кој можете да му верувате

Секогаш од доверба, стабилен и промислен, одлично се справува со секоја ситуација, што го прави совршен партнер и пријател.
Станува збор за Бик. Лицата родени во овој хороскопски знак се’ во животот прават промислувајќи и со „зрно сол“ во главата.
Биковите имаат талент на одлично памтење и иако не се од оние кои го памтат лошото со вас ќе се однесуваат со внимание ако им направите нешто лошо.
Сепак, кога еднаш ќе се врзат за вас и ве засакаат, нема што не би направиле за вас. За Бикот еден успешен однос е остварен дури кога ќе стекне потполна доверба во вас и кога ќе му докажате дека стоите зад своите зборови.
Тој никогаш не игра игрички и важни му се туѓите чувства па од него можете да очекувате потполно директно и искрено мислење. Кога ќе утврди дека може да ви верува, Бикот со задоволство ќе ви се довери, а вашите тајни ќе ги чува ако е потребно засекогаш.
Биковите секогаш ги исполнуваат своите ветувања и сите свои задачи, а односите со лицата кои ги сметаат за блиски ги сметаат за сериозни па истото го очекуваат и од вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …