Дополнителни автобуси на Задушница кон Бутел, а од понеделник стартува летен возен ред

Поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.
Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) налиниите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).
Поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билетинема да важат за време на летниот распуст.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни,а на средношколците до 20 јуни.
Ве информираме дека основците/средношколците (неважи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец).
За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …