ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Канаѓаните кои ќе се лизнат на снег и ќе се повредат сега можат да ги тужат градовите!

Врховниот суд на Канада одлучил дека општините мора да го отстранат снегот и дека не се имуни на тужбите што произлегуваат од непочитување на таа обврска.
Одлуката е резултат на случајот инициран од жена која ја повредила ногата додека минувала преку снежна рампа во Нелсон, Британска Колумбија, во 2015. година. Тарин Џој Марчи го тужела градот за милион долари и нејзината тужба сега повторно ќе се најде на суд.
Одлуката на Врховниот суд се очекува да предизвика лавина судски процеси поради лизгање и паѓање на снег низ државата.
Канада троши стотици милиони долари за расчистување на снегот, а случајот на Марси предизвикал голем интерес во јавноста.
Марчи се обидела да го тужи градот Нелсон затоа што ја повредила ногата прескокнувајќи куп снег за да стигне до пешачката патека. Градот расчистил неколку паркинг места, но чистачите натрупале снег покрај рабникот и не го расчистиле пешачкиот премин.


Првиот судија што го слушнал нејзиниот случај и рекол дека таа е виновна и дека го знае ризикот да прескокне еден куп снег. Друг суд пресуди дека градот ја исполнил својата должност и го отстранил снегот и дека е имун на тужби.
Тогаш Врховниот суд пресудил дека тоа е преширока дефиниција и дека отстранувањето на снегот е прашање на политика на секоја општина, но дека градот не може да процени каде ќе го отстрани снегот, а каде не.
„Со расчистување на паркинг местата на улицата Бејкер, Градот ја повика јавноста да ги користи за пристап до фирмите лоцирани на улицата“, се вели во пресудата. „Тужителот се обиде да го стори токму тоа, кога падна од купот снег што го направи Градот при неговото отстранување“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …