Документарецот на Лејди Гага на филмскиот фестивал во Торонто

Лејди Гага како да има тајно име „шок“ па сега изненадува и со документарец. Филмот ќе биде достапен на Нетфликс од 22. септември.

Лејди Гага го објави трејлерот за нејзиниот нов документарец. Во новото видео фановите на Гага можат да видат што се случуваше зад сцената, додека мега популарната Лејди Гага комуницира со обожавателите и папараците, и како се подготвува за полувремето на Super Bowl во 2017. “Поради нив одам да се борам на сцената бидејќи премногу ги сакам”. Сцени од нејзини јавни настапи и
појавувања до интимни моменти како кога таа се тетовира и наидува на Флоренс Велч. Исто така во видеото пуши марихуана. Обраќајќи се кон камерата таа вели: “Ајде да се испијаниме во колата на баба”.


Исто така има дел каде таа оди на доктор и прави гестови со лицето со кои ја прикажува болката.
Документарецот ќе се најде на листата на Нетфликс и е режиран од страна на Крис Мукарбел. Филмот се снимаше додека Гага го подготвуваше издавањето на својот албум Joanne во кој ги истакнува нејзините лични борби. Премиерата се случи на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто пред да дебитира на Нетфликс на 22 септември.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …