(ФОТО) „Боемска рапсодија“:Вака ќе изгледа Фреди во филмот


Иако актерот Саша Барон Коен со години се трудел да ја добие улогата на Фреди Меркјури, тој се повлекол од проектот поради разминување во креативните ставови.Улогата ја добил Реми Малик а глумецот сега по прв пат се покажал во таа улога.
Екипата зад филмот „Боемска рапсодија“, биографско дело за периодот од основањето на групата „Квин“ па се’ до познатиот Live Aid концертот во 1985. година, конечно ги објавила и првите фотографии.

На објавената фотографија од списанието Empire можеме да го видиме глумецот Реми Малик во познатата поза на Фреди Меркјури. Соодветно, фотографијата е објавена на роденденот на починатиот пејач.
На прв поглед би кажале дека сличноста е огромна.


Да потсетиме, гитаристот Брајан Меј ќе го отелотвори Гвилум Ли, а Бен Харди ќе го глуми тапанарот Роџер Тејлор. Џозеф Мацело ќе настапи како басистот Џон Дикон.
Премиерата на „Боемска рапсодија“ е најавена за 25 декември 2018 година.
Режисерот Брајан Сингер посочил дека филмот нема да биде биографски, туку ќе опфати значаен период од музичката историја.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …