Мега концертот по повод „11ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на градот Куманово, ќе се одржи во очи празникот, на 10 ноември 2023 (петок), на Градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20:00 часот.
Како и секоја година, во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, а, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со пригодна културно – уметничка програма ќе се одбележи роденденот на градот.
Концертот ќе го отвори младиот и талентиран МАРТИНИЈАН КИРИЛОВСКИ. По него ќе настапат сопствениците на најголемиот хит во Македонија – „Bella“, ПАЈАК И ЛАРА. А, поради тоа што Куманово е мултиетнички град, годинава ќе гостува и мега популарната ТУНА, кралицата на албанската поп музика, како и легендарните ДНК, кои веќе 20 години успешно творат на македонската музичка сцена и важат за најпопуларното дуо во државата.