Овен
Љубов:
Важно е да се однесувате во согласност со вашите чувства. Ведриот дух и добрите намери даваат дополнителна сила.
Работа:
Впечатокот што го имате за деловните можности ќе се потврди како точен. Бидете доследни во вашите намери.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Бик
Љубов:
Добрата волја „прави чуда“, доволно е да видите насмевка на задоволство на лицето на саканата личност и да почувствувате нова креативна инспирација.
Работа:
Понекогаш ви недостасува самодоверба и чувство за практична ориентација, но секогаш постои решение.
Здравје:
Избегнувајте различни ситуации кои ве вознемируваат психички.
Близнаци
Љубов:
Изгледате весело и добродушно. Имате романтично расположение, а партнерот искрено сака да ви удоволи.
Работа:
Имате можност да остварите двојна добивка, под услов да настапувате професионално и сугестивно пред соработниците.
Здравје:
Потребен ви е поттик за добро расположение.