Денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата: „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем”

Во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска во Скопје ќе се одржи 2-та Годишна конференција за здравство, овој пат насловена како “Поглед во иднината за нашиот здравствен систем”.

Конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот развој на домашниот здравствен систем, со акцент на потребата за подобрување на пристапот до лекови и искористувањето на податоците во креирање на здравствените политики.


Клучен говорник на овогодинешното издание на конференцијата ќе биде г-дин Боги Елијасон, Директор за Здравство на Институтот за Футуристички Студии од Копенхаген. Тој важи за еден од најзначајните светски експерти за дизајнирање на здравствени системи со преку 25 години консултантско искуство, работејќи за приватни компании, политичари и јавни институции, а во моментов е ангажиран на подобрување на германскиот здравствен систем.

На конференцијата ќе се одржат три панел-дискусии насловени како: „Пристап до лекови – основен елемент на здравственото право”, „Искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики” и „Момент на пресвртница: Здравствениот систем на Република Северна Македонија”. Помеѓу останатите учесници во панелите, свое место ќе заземат и Министерот за Здравство, г-дин Фатмир Меџити, потоа г-ѓа Магдалена Филиповска Грашкоска – директорка на Фондот за Здравство, како и г-ѓа Ана Данева Маркова – советничка за здравство на Премиерот на Република Северна Македонија.


Следењето на конференцијата ќе биде овозможено преку онлајн стриминг во живо на следниот ЛИНК (https://www.youtube.com/watch?v=3LtzcBx7RRE ), а целосната АГЕНДА на настанот може да се погледне ТУКА.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …