Денеска се празнуваат Светите маченици Прокес и Мартинијан


Стражари во римскиот затвор во кој беа затворени апостолите Петар и Павле. Кога го слушнаа словото и ги видоа чудата апостолски, се крстија и ги пуштија апостолите од затворот. Апостолите излегоа од Рим, но по патот на Петар му се јави Господ, Кој одеше кон Рим. „Каде одиш, Господи?“, го праша Петар. А Господ одговори дека оди во Рим на ново распетие. Засрамени апостолите се вратија во градот и таму ги фатија и ги убија. Со нив беа убиени и овие двајца храбри стражари Прокес и Мартинијан.

Тропар
Жедта ваша по вистината, Господ ја приведе пред нозете на великиот Петар, о свети Прокесе и Мартинијане, а од крстот од кого вода истече, се напоија душите ваши жедни за Бога. Светлината ја одгони темнината и мачеништвото го освои Царството Небесно, од каде денес и во веки молете се за родот човечки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второ издание на OUTDOOR & TRAVEL FAIR – 25-27 април, Skopje City Mall

Во Skopje City Mall, овој викенд, ќе се одржи второто издание на OUTDOOR & TRAVEL …