– Кристијано Роналдо го спомнал својот син кој починал како бебе
– Момчето денеска ќе имаше три години
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера и го честиташе третиот роденден на својата ќерка Бела и му оддаде почит на нејзиниот брат близнак, неговиот син кој почина пред три години.
„Среќен роденден љубов моја. Нашата љубов е секогаш со тебе“, напишал Кристијано Роналдо покрај фотографијата на која е со својата ќерка Бела и додал хаштаг со нејзиното име и името на синот што го загуби, Анхели.
Неговата објава предизвикала многу емоции – и’ среќа поради малечката Бела но и’ тага за момчето кое почина кратко по неговото раѓање, во 2022. Ништо не наслутувало дека ќе се случи трагедија, но породувањето се претворило во кошмар.
View this post on Instagram
„Со најдлабока тага мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Благодарни сме на лекарите и медицинските сестри за нивната професионална грижа и поддршка“, објавија Кристијано Роналдо и неговата вереница, Џорџина Родригез.
Роналдо подоцна зборуваше за тој трагичен настан во емисијата на Пирс Морган и нагласи: „Тоа беше најлошиот момент во мојот живот по смртта на татко ми. Кога имаш дете, очекуваш се да биде во ред, а кога се случува поинаку, тешко е“.
View this post on Instagram
Тој рекол дека ја чува пепелта на неговиот син блиску во капелата во близина на неговата куќа, покрај пепелта на неговиот татко кој починал по откажување на црниот дроб во 2005 година. „Постојано разговарам со нив и тие се на моја страна“, рекол тој и додал дека таткото и синот му помагаат да биде „подобар човек и подобар родител“.
Познатиот спортист напоменал дека тој и Џорџина Родригез имале многу тешки моменти откако го загубиле синот, бидејќи им требало долго време да сфатат што се случило. Било исклучително тешко и да им се каже на другите деца дека нивниот брат починал. Роналдо тоа го направил со солзи во очите.
View this post on Instagram
Кристијано Роналдо и неговата свршеница се во врска од 2017 година. Тие ги имаат и близнаците Ева Марија и Матео (7), ќерката Алана (8), ќерката Бела (3), додека фудбалерот пред 14 години со помош на сурогат мајка го доби синот Кристијано Џуниор.
Фото: Принтскрин/ITV