Починал познат актер: Сите го паметат по легендарната серија


Обожавателите на серијата „М*А*С*Х“ ги потресе тажната вест, на 82-годишна возраст починал Патрик Адиарте, ѕвездата на ова култно остварување.
Познатиот актер кој исто така беше успешен танчер играл и во The King and I и Flower Drum Song. Тој починал вчера во болница во Лос Анџелес, изјавила неговата братучетка Стефани Хоган за The Hollywood Reporter.
Тој е роден на Филипините а во 1946 година се преселил со неговата мајка и сестра во Њујорк каде што им се заканувала депортација, но на крајот добиле американско државјанство кога Адиарте добил улога во филмот „The King and I“.
Студирал во Professional Children’s School, кое го посетувала и Лиза Минели. Играше во серијата „М*А*С*Х“ во текот на седумдесетите.


Тој глумеше и во сериите Hawaii Five-O, It Takes a Thief, Ironside, Bonanza, The Brady Bunch и Kojak. Тој беше член на постојаната танцова екипа на телевизиската серија Hullabaloo, која се емитуваше од 1965 до 1966 година. Не глумеше од крајот на деведесеттите.
Тој бил во брак со пејачката и актерка Лони Акерман од 1975 до 1992 година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …