Денес роденден прославува нашата позната актерка Јелена Жугиќ


Јелена Жугиќ е родена на 20 април 1973 година во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Јелена Жугиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар – Скопје, таа е вработена од февруари 1997 година. Од септември 2011 до јули 2017 година, е основач и директор на Н. У Театар Комедија во Скопје. Во 2017 година, повторно се враќа во Драмски театар – Скопје.


Театрографија:

  • Клитемнестра — Ифигенија за ништо, р. Филип Петковски, ДТС 2025
  • Снежана — Драми на принцезите, од Елфриде Јелинек, р. Жива Бизовичар, ДТС 2024
  • Падот на Масада, од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2023
  • Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски, р Бранислав Миќуновиќ, ДТС 2022
  • Титанија – Сон на летната ноќ, од Вилијам Шекспир, Театар Комедија 2017
  • Др. Ката – Трудна приказна, од Благица Секуловска, р. Лидија Дедовиќ, Театар Комедија 2017
  • Лина – Вардарски пастуви, од Фул Монти, р. Синиша Евтимов, Театар Комедија 2016
  • Николинка – Господарот на кукавицата, од Венко Андоновски, р. Андреј Цветановски, Театар Комедија 2015
  • Бети – Име, од Александар де ла Пателие, р. Нени Делместре, Т. Комедија 2015
  • Лисистрата – Лисистрата, од Аристофан, р. Наташа Поплавска, Т. Комедија 2014
  • Кралицата – Хамлет во Пикантен сос, од Алдо Николај, р. Александра Кардалевска, Театар Комедија 2013
  • Фатиме – Солунски патрдии, од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
  • г-ѓа Ренате – Генетика на кучињата од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012
  • Хекуба – GeNОcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
  • Ѓ-ѓа Лу/Сестра Мери – Олово на перница, од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, ДТС 2011
  • Дона Жуана – Дона Жуана, од Молиер, р. Патрик Вершурен, Градски театар – Скопје, 2009
  • Олимпија – Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
  • Пангиос – Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009
  • Титанија – Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2008
  • Стиви – Коза, или Која е Силвија? од Едвард Олби, режија Дино Мустафиќ, ДТС, 2008
  • Јулишка – Комшилук наопаку, од Н.Митровиќ, р. Н.Делместре, ДТС, 2007
  • Мира – Кино Љубов, од Ј.Бојаџи, режија Јани Бојаџи, ДТС, 2007
  • Сенген – Демонот од Дебар Маало, од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски ДТС, 2006
  • Ирина – Три сестри, од Чехов, р. Димитар Станковски, ДТС, 2004
  • Магдалена – Куќата на Бернарда Алба, од Љорка, р. Г. Стојановиќ, ДТС, 2004
  • Магда – Магдо, љубов моја, од С. Насев, р. Д. Станковски, независен проект, Скопје, 2003
  • Таа – Нема да ми верувате што ми се случи вечерва, од Н. Вујадиновиќ, р. К. Ристевски, ДТС, 2003
  • Абел – Собрани дела на Вилијам Шекспир, од Том Стопард, р. З. Славенски, ДТС, 2002
  • Лора – Црни кукли, од В. Андоновски, р. Д. Станковск, независен проект, 2001
  • Вагинални монолози, од Ив Енслеф, р. Д. Станковски; независен проект Скопје
  • Титанија – Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
  • Панглос помалиот – Кандид во земјата на чудата, од В. Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС 2000
  • Мехмене – Ферхард и Сирин, од Јудел Ертен, р. Н. Хикмети, ДТС 2000
  • Ерика фон Лајден – Европа, од Рене Калински, р. Патрик Версурен, ДТС, 1999
  • Беатриче, Распони и Федерико Распони – Арлекин, од К. Голдони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1999
  • Маргарета – Македонски Фауст, од М. Србиновски, р. Сашо Миленковски, 1999
  • Грофицата Алмавива – Женидбата на Фигаро, од Бомарс, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1998
  • Сара/Долорес – Љубовникот, од Дејвид Ајс, Харолд Пинтер, Керил Сеил, р. Зоја Бујалковска, ДТС, 1998
  • Дебра – Перверзии, од Д. Мамет, р. Мони Дамевски, ДТС 1997
  • Хорот – Ојдипус Тиранос, од Софоклеус, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 1997
  • Ида – Позитивно мислење, од С.Насев, р. Димитар Станковски, ДТС 1997
  • Дона Хуана – Дона Хуана, од А. Виздеи, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
  • Констанца – Амадеус, од П. Шефер, р. Златко Славенски, ДТС, 1996
  • Тина – Ни ќар ни зијан, од Б. Димитров, р. Д. Станковски, ДТС 1996
  • Ева – Умри машки, од А.Николај, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
  • Селанка – Кумови, од Русанте, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1995
  • Ема Брјустер – Арсеник и стара тантела, од Кеселинг, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995
  • Жената на Лука Лукиќ – Ревизор, од Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 1995
  • Глумец – Розенкранц и Гилденстерн се мртви, од Т.Стопард, р. Златко Славенски, ДТС, 1994
  • Третата дворска дама – Животот е сон, од Калдерон де ла Барка, р. Слободан Унковски, ДТС, 1994
  • Пешна – Крале Марко, од М. Србиновски, р. Љубиша Георгиевски, В. Чернодрински – Прилеп, 1994
  • Марика, Јадранка – Сон…, од Ж.Мирчевска, р. З.Славенски и С. Ковачевиќ, фестивал МОТ, 1994
  • Третата Евменида – Евмениди, од Есхил, р. Г. Тренчовски, Фестивал “Охридско лето”, 1993
  • Жената со две лица – Црно писмо, од Б. Миневски, р. В. Цветановски, Фестивал “Охридско лето”, 1993
  • Цвета – Време за сонување, од З. Славенски, р. З. Славенски, Ј. Х. Џинот – Велес 1993

Жугиќ има остварено бројни филмски улоги:


  • 1992 Роза Еирихонска ТВ-филм
  • 1994 Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм
  • 1994-1995 Бумбари ТВ-серија Буба
  • 1995 Во светот на бајките ТВ-серија
  • 1998 Салон Хармони ТВ-серија Марија
  • 2000 Погрешно време ТВ-серија
  • 2002 Заведени ТВ-серија Нана
  • 2003 Време за плачење ТВ-филм Ана
  • 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-филм
  • 2005 Остани исправен ТВ-филм
  • 2005 Обични луѓе ТВ-серија
  • 2007 Сенки ТВ-филм
  • 2010 Од денес за утре ТВ-серија Јелена
  • 2010 Пилот ТВ-филм Лина
  • 2015 Бела ноќ ТВ-филм Слободата
  • 2018 Ругање со Христос ТВ-филм
  • 2022 Кино „Љубов“ ТВ-филм Мира
  • 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Награди:

  • Награда на Фестивалот „Јоаким Фест“ за претставата „My name is Goran Stefanovski“, 2022
  • Награда „13 Ноември“, 2015
  • Награда за женска улога за 2012 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Ренате во претставата „Генетика на кучињата
  • Награда за најдобра женска улога за 2011 г, на Фестивалот за античка драма „Стоби“ – 2011, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21
  • Награда за најдобра женска улога за 2011 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21
  • Награда „Златна Бубамара за популарноста“, 2009
  • Награда „Маслина“, за најдобра глумица во ТВ филмот „Време за плачење“, Бар, 2003 г.;
  • Награда “Златна маска Изида” за најдобра улога во претставата „Собрани дела на Вилијам Шекспир“, на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, 2002г.;
  • Награда за најдобра глумечка творба за 2001 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Лора во претставата “Црни куклички”.
  • Награда за најдобра глумечка творба за 1997 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Ида во претставата “Позитивно мислење”.
  • Награда од списанието „Екран“ за најдобар млад глумец за 1996г. за улогата Ева во претставата “Умри машки”

Среќен роденден Јелена ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …