Фондацијата Милан Младеновиќ ја објави првата верзија на песната „Бежимо у мрак“ на групата Екатарина Велика од 1988 година. За споменатата песна е снимен и спот.
Како што е наведено од Фондацијата, оваа верзија требало да биде последна на А-страната на албумот чиј работен наслов бил „Зошто плачат децата?“. Сепак, членовите на бендот доснимиле две песни во 1989 година – „Пар година за нас“ и „Нисам мислио на то“ па „Бежимо у мрак“ била запоставена.
„Оваа верзија на песната многу се разликува од онаа што ја знаеме од албумот ‘Некој гледа’“.
Спотот го режирал Иван Шијак, а директор на фотографија е Лука Трајковиќ.
Фото: Принтскрин/YouTube