Ева Лонгорија во саботата присуствувала на Global Gift Galа во хотелот „President Wilson“ во Женева, а додека позирала, шоуто го украл нејзиниот син Сантијаго.
Актерката од серијата „Очајни домаќинки“ ги воодушевила присутните додека чекорела по црвениот тепих во блескав сребрен фустан покриен со светки и испреплетени ленти на деколтето.
Имено, 50-годишната жена, која била почесен гостин на настанот, изгледот го заокружила со сребрено ланче и обетки.
Подоцна на тепихот и се придружил и нејзиниот шестгодишен син Сантијаго, а малечкиот го украл вниманието на присутните и фотографите кои го следеле настанот.
Сантијаго изгледал посебно елегантен бидејќи носеше бледо сина кошула, јакна со пруги, тегет шорцеви, темносини чорапи до колена и кафени мокасини.
View this post on Instagram
Лонгорија подоцна споделила видео на Инстаграм на кое се гледа како шпанската актерка Марија Браво го зема Сантијаго за да може да каже неколку зборови на микрофонот за време на церемонијата.
Ова не е прв пат за симпатичниот Сантијаго на црвениот тепих и гала настаните, а тој веќе позирал со Лонгорија минатиот октомври, кога и се придружил на Global Gift Galа во Париз.
Фото: Принтскрин/Instagram