(ФОТО) СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА РАЗВОД, А АНА… Ивановиќ првпат проговорила по гласините за крајот на бракот


Последните неколку дена главна вест во светот на спортот е разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Денеска за прв пат проговорила и српската тенисерка.
Иако важеа за еден од омилените парови во спортскиот свет, се’ погласни се гласините дека на нивната љубов и дошол крајот.
И’ додека цел свет чека оваа вест официјално да ја потврдат Бастијан и Ана, Србинката се огласила на мрежите.
– Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии, напишала Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Ана и Бастијан имаат три заеднички деца – Лука, Леон и Тео, а Ивановиќ моментално живее во Белград, додека Бастијан најмногу се занимава со бизнис во Минхен.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Причина за раскинување
Германците ги пренесуваат информациите на луѓе упатени во бракот на познатите спортисти, а тие доведуваат до следниве одговори – стрес, патување, различни локации и недостаток на семеен живот… Очигледно многу влијаела далечината меѓу нив двајца за да се’ се „скрши“ и да има дискусија и одлука за развод.

Швајнштајгер редовно патува низ светот бидејќи работи како ТВ консултант за фудбалски натпревари, а во исто време има одредени проекти кои „бараат“ да биде далеку од семејството. Донекаде е нејасно зошто се впуштил во сето тоа, а во исто време, изненадувачки е што бизнисот „успеал“ толку да ја отуѓи славната двојка, особено што тие создадоа големо семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Ниту Бастијан Швајнштајгер ниту Ана Ивановиќ јавно не ги коментираа пишувањата на германските медиуми кои станаа централна вест во светскиот шоубизнис.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …