Италијански готвач ја пронашол идеалната диета од која постојано слабее.
Италијанскиот готвач Матео Гранди, познат по своите раскошни јадења и маратонските денови поминати во кујната, до неодамна тежел 185 килограми. На 34-годишна возраст, тој достигнал точка каде што повеќе не можело да го игнорира сопственото здравје – ниту физички, ниту психички.
При изборот на диета решил да направи две едноставни промени во исхраната кои, како што вели, му го спасиле животот.
View this post on Instagram
„Во одреден момент престанав да се мерам. Не сакав повеќе да го гледам бројот на вагата”, признава Матео. Ритамот на животот, долгите работни денови и вечните искушенија на храната го довеле до точка на пукање. И тогаш, едно јунско утро, решил да направи пресек.
Ги исклучил шеќерот и јаглехидратите. Без „чистење на фрижидерот“, без гладување, без егзотични диети. Само две јасни одлуки – без шеќер и без тестенини, леб, грицки и слично.
View this post on Instagram
Менито на Матео сега е едноставно: јајца, лосос, авокадо и пилешко бело месо за ручек. Зеленчук, морска храна и месо за вечера. Јаде два пати на ден, како дел од режимот на автофагија.
Тој вели дека диетата без јаглени хидрати му помогнала мозокот да му се „разбистри“ а псоријазата исчезнала од лактите. Се обидел, вели, да ги проба тестенините – две виљушки. „Бев тром, бавен, тежок. За 20 секунди уживање тоа не вреди”.
View this post on Instagram
Резултат? Ослабел 89 килограми за 8 месеци. Без апчиња, без операција, без скапи додатоци. Само што ги сменил навики. Денес, Матео тренира, готви полесни јадења и во ресторанот нуди дури 30 јадења без јаглехидрати и млечни производи.
View this post on Instagram
Дали сите ние треба да ги исфрлиме јаглехидратите од нашата исхрана? Воопшто не, велат нутриционистите кои советуваат внимателност. Јаглехидратите не се наши непријатели, туку гориво за телото. Проблемот е во количината и видот: заменете ги белите тестенини со интегрални тестенини, комбинирајте ги со зеленчук и протеини. Според препораките, една третина од внесот на храна треба да бидат здрави јаглехидрати, како што се житарките, компирите, оризот и лебот.
View this post on Instagram
Пребрзото исфрлање на цела група на намирници може да доведе до пад на енергијата, лошо расположение и нарушена рамнотежа на телото.
Матео покажал дека дисциплината и волјата можат многу, но секое тело е различно. Доколку размислувате да направите големи промени, консултирајте се со нутриционист. Направете ја вашата верзија на здрав живот одржлива, вкусна и – ваша.
Фото: Принтскрин/Instagram