„ПОЗДРАВ ПРАЌАМ БРАТЕ МОЈ”: Чеде Спасиќ има нова песна и спот


Пејачот Чеде Спасиќ ја објави својата најнова авторска песна со наслов „Поздрав праќам брате мој” за која сними и видео запис.

Зад песната „Поздрав праќам брате мој” како автори се потпишуваат докажаните Сашо Митковски (музика), Орце Зафировски (текст) и Дамир Имери (аранжман). Снимена е во „Икс-Ел Студио” кај Дејан Момироски кој го направи и мастерот.


– Често на настапите ме прашуваат кога ќе објавам нова песна, па еве, новиот проект е подготвен и верувам дека ќе и се допадне на јавноста. Очекувајте и во наредниот период нови проекти, вредно работиме со тимот, вели Чеде Спасиќ.

Екранизацијата е дело на продуцентот Зати и неговата продукција, а најголем дел од кадрите се снимени во нашиот преубав Охрид и неговата природна убавина.


Како потсетување, Чеде Спасиќ е еден од нашите најбарани пејачи и често патува кај нашата дијаспора во Швајцарија, Германија и Австрија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Љубовта е најубава“ – Кој е Џеј Џеј, победник на Евровизија: Квир музичар гордо ја претставува својата заедница

Победата на 69-то издание на Евросонг што се одржа во Базел ја извојува австрискиот музичар …