Во четврток, на 24 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан играниот филм „Објаснување за се“.
Лето е во Будимпешта, средношколецот Абел не може да се фокусира на завршните испити поради неговата безнадежна љубов кон неговата најдобра пријателка Јанка. Разумната Јанка страда и од невозвратена љубов кон оженетиот учител по историја Јакоб, кој има конфликти со конзервативниот татко на Абел. Тензиите во поларизираното општество неочекувано излегуваат на површина, а испитот по историја во средното училиште на Абел се претвора во национален скандал.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
OБЈАСНУВАЊЕ ЗА СĖ
(Magyarázat mindenre / Explanation for Everything)
Игран филм, Унгарија / Словачка
2024, 151 мин., колор, ДЦП
Режија: Габор Реиш (Gábor Reisz)
Сценарио: Габор Реиш, Ева Шулце (Gábor Reisz, Éva Schulze)
Улоги: Гашпар Адониј – Валш, Иштван Знаменак, Рушнак Андраш, Ребека Хатазо, Елиза Содро (Gáspár Adonyi-Walsh, István Znamenák, Rusznák András, Rebeka Hatházi, Eliza Sodró)