Денес започнува второто издание на фестивалот на Инклузија

Во Паркот Македонија, пред Домот на Културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела вода, од денес па до 10 септември ќе се одржи второто издание на фестивалот на Инклузија.

Во четири дена посетителите ќе можат да присуствуваат на голем број работилници, изложби, проекција на филмови, магионичарско шоу, инклузивна театарска претстава, како и музички концерти.


Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности Визија Плус од Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити, а под покровителство на Општина Кисела Вода.

Подолу можете да ја погледнете целокупната програма на фестивалот и саатниците за секој настан.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …