Денес се сеќаваме на македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец Живко Фирфов

Живко Фирфов бил роден на 20 ноември 1906 година. Тој е истакнат македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори.

За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година.


Живко Фирфов е роден во Велес каде и го завршил основното училиште, музичка школа завршил во Белград во 1931 година по што се вработил како диригент во Земун[1]. Во 1939 година ја објавил својата прва етномузиколошка студија во списанието „Музика“, за интерпретација на македонската народна песна и за мелографската постапка при нејзиното собирање. По Втората светска војна се вратил во Скопје каде работел како шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура, уметност и други културни врски со другите народи при АСНОМ, шеф е на отсекот за народна музика во Радио Скопје.

Особено бил ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Како шеф на Одделението за народна музика и кореографија при Фолклорниот институт на СР Македонија и негов директор овозможува збогатување на музичката фонотека која остава широки можности за научни проучувања на македонскиот музички фолклор. До крајот на својот живот бил дописен член на Меѓународното фолкорно друштво ИФЦМ во Лондон и бил почесен претседател на секторот за Балкански игри при Меѓународното друштво за народни игри во Лондон, преку која функција овозможува широко промовирање и презентирање на македонскиот музички фолклор во целиот свет.


Починал во Скопје на 21 јули 1984 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …