Дарко Димитров на „Песна на Евровизија“ со две земји

На фестивалот „Беовизија“ во Белград беше избран српскиот претставник за Евровизија.

Најмногу гласови од стручното жири и СМС-гласови од публиката добија Сања Илиќ и „Балканика“. Тие ќе ја пеат песната „Нови деца“. Аранжер на песната е Дарко Димитров. Тој на песната соработуваше со Сања Илиќ и Татјана Карајанов, кои ја направија музиката, а Даница Крстаиќ го напиша текстот.
Дарко е дел и’ од македонскиот тим, тој е продуцент на песната „Lost and Found“, што во Лисабон ќе ја исполни „Ај кју“.
Димитров на Евровизија може да оди како дел од авторскиот тим на една од двете држави, Македонија или Србија, по свој избор. Европската радиодифузна унија нема правило што вели дека еден човек не може да учествува во создавањето повеќе песни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …