Во петок „Како да се ограби банка“ премиерно на сцената на Драмски театар

Нa 23.тти февруари на сцената на Драмскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Како да се ограби банка“. Од Драмски најавуваат комедија што ќе ја врати публиката во овој театар…

Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е „Како да го наполнам својот стомак?“. Одговорот е едноставен- ајде да ограбиме банка. Ова е тематиката на новата премиера на Драмски- „Како да се ограби банка“ во режија на Иван Манасковски.
Мисијата на фамилијата Кепече, да се ограби банка е многу слична на детската мисија, да се гради куќа на дрво. На прв поглед, изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Не е лесно да се игра жанрот комедија- велат актерите.
„Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето. Начинот на кој го прави тоа понекогаш е комичен, а на нас ни останува само да се опуштиме и да уживаме во возењето“, вели режисерот Манасковски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …