(ФОТО) Северина: Сите детали околу вонтелесното оплодување

Регионалната поп ѕвезда во придружба на својот сопруг, спортскиот менаџер Игор Којиќ, често посетува приватна гинеколошка клиника во Загреб каде врши задолжителни прегледи и консултации со својот доктор во врска со вонтелесно оплодување.
Во моментот кога нејзиниот син Александар, кого Северина Којиќ (45) го добила во врската со бизнисменот Милан Поповиќ, го слави својот шести роденден, се’ погласни се шпекулациите за тоа дека малечкото момче ќе добие брат или сестра. Имено, пејачката не се откажува од намерата да роди второ дете, а прво зедничко со спортскиот менаџер Игор Којиќ (30), за кого се омажила на 20. ноември 2015. година. Упатените во нивното секојдневие тврдат дека пејачката и нејзиниот избраник што побргу сакаат бебе, па Северина по втор пат започнала процес на вонтелесно оплодување.
Таа веќе извесно време посетува една приватна гинеколошка клиника во која ги извршува задолжителните прегледи и консултации во врска со овој процес. После спонтниот абортус предизвикан од стресните ситуации кои и се случиле во април минатата година, српската снаа и нејзиниот избраник одлучиле дека токму сега е време за вториот обид.


Според сознанијата на нејзини блиски пријатели, пејачката одела кај угледна докторка, инаку специјалист за вонтелесно оплодување, која има своја приватна клиника во загрепската населба Максимир. Засега, Северина, кај неа ги вршела неопходните прегледи и следела совети низ кои минуваат жените пред да го започнат овој процес. Дел од јавноста во Хрватска дознал за овој процес на пејачката па бројни папараци со денови трпеливо чекале да го снимат брачниот пар пред клиниката, но засега во тоа немале среќа.
Северина оваа информација се обидела да ја скрие од медиуите затоа што минатиот пат јавноста дознала премногу рано за тоа, што покрај состојбата со бившиот партнер, и претставувало дополнителен стрес.
Имено, во март 2017. одекнала вест дека пејачката е бремена со помош на вонтелесно оплодување. Подеднакво како и нејзиниот сопруг Игор, и таа одбивала да зборува за тоа, а одбегнувале и да се појавуваат во јавност. Сепак, имало работи кои не можеле да се одбегнат. Тоа било судењето со таткото, Милан Поповиќ, таткото на нејзиниот син, околу старателството.Набргу потоа се дознало дека Северина го загубила бебето, а таа еден месец подоцна во емисијата „РТЛ директ“ со солзи соопштила дека имала спонтан абортус поради стресот кој го доживеала за време на судењето и рекла:„Едно дете загубив, ова нема да го загубам“, секако, мислејќи на Александар.
Поради сето тоа, овој пат, со совоето повлекување од јавност јасно се става до знаење дека во наредниот период приоритет и е семејството и дека работата може да почека. Упатените во нејзината интима тврдат дека партнерскиот однос конечно го донела до ниво кое ја први среќна и задоволна, а покрај тоа, оваа атрактивна бринета е многу горда и на својот наследник.

Мајката на преслаткиот Александар му го посветува секој слободен момент, а на 20. февруари го прославила неговиот шести роденден. Како и претходните години, и овојпат се потрудила забавата за нејзиниот наследник да биде посебна. Сепак, освен забава и подароци, малечкиот Алексндр се’ повеќе го интересира кога ќе добие брат или сестра. Иако и самата во неколку наврати потврдила дека нејзиниот син е нетрпелив да добие друштво, за нејзините и планвите на Игор за проширување на самејството сеуште јавно не се изјаснила.
Понекогаш умеела на тоа прашање таинствено да се насмевне, што можеби порано било и доволно како навестување дека во скора иднина ќе се оствари желбата на малечкиот Александар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …