Дански научници: Маските не штитат доволно, но…

Неодамнешното истражување на дански научници наведува дека маските за лице обезбедуваат само умерена заштита од вирусот ковид 19, но дека резултатите од истражувањето не можат да се користат против широко распространетата употреба на маски за спречување на вирусот.
Во студијата спроведена во април и мај, кога властите во Данска сè уште не издадоа препорака да се носат маски, учествувале 6024 возрасни лица поделени во две групи – едната што носела маски и контролната група.
По едномесечно истражување, покажано е дека 1,8 проценти од испитаниците кои носеле маски добиле вирус, како и 2,1 процент од испитаниците од контролната група, објавила Универзитетската болница во Копенхаген.


„Студијата не го потврдила очекуваното намалување на ризикот од инфекција кај луѓето кои носат маски и може да укаже на умерено ниво на заштита од 15. до 20. проценти, сепак, студијата не тврди дека маските не даваат никаква заштита“, се вели во соопштението на болницата.
Наодите од студијата се во согласност со претходните истражувања во кои се вели дека маската обезбедува само ограничена заштита на носителот, но може драматично да го намали ризикот за другите доколку е заразен носителот, дури и кога нема симптоми.
Авторите на студијата додаваат дека резултатите не треба да се користат за да се заклучи дека носењето маски не е ефикасно во намалувањето на ширењето на ковид 19, бидејќи истражувањето не тестирало колку маските го намалуваат ризикот од ширење на инфекција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …