Даниел поминал 33 години во затвор за злосторство што не го направил: „Беше борба, сега сум среќен!“

Американец од Калифорнија, Даниел Салдана (55), кој во четвртокот бил ослободен од затвор откако невин поминал 33 години зад решетки, по ослободувањето изјавил дека се чувствува среќен.
Салдана бил прогласена за виновен во 1990 година за пукање во автомобил со шест тинејџери кои се враќале од средношколски натпревар во Источен Лос Анџелес. Двајца средношколци биле ранети, но преживеале. Напаѓачите ги помешале тинејџерите со членови на банди, соопштиле локалните власти.
Салдана, кој во моментот на пукањето имал 22 години и работел како градежен работник, бил еден од тројцата обвинети за нападот. Тој бил осуден по шест точки за обид за убиство и пукање во полно возило и требало да одлежи 45 години затвор.
„Тоа беше борба, да се будиш секој ден знаејќи дека си невин. Заклучен си во ќелија, молиш за помош. Едноставно, среќен сум што дојде овој ден“, изјавил Салдана.

This image has an empty alt attribute; its file name is daniel-1.jpg
Канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес, Џорџ Гаскоњ, започнала истрага откако во февруари дознала дека друг осуден вооружен маж и рекол на полицијата за време на сослушувањето за условно ослободување во 2017 година дека „Салдана не бил вмешан на кој било начин и не бил ниту во близина за време на инцидентот“.
Меѓутоа, поранешниот заменик окружен обвинител, кој го слушнал сведочењето на другиот обвинет, не направил ништо, ниту пак ги пренел информациите на Салдана или на неговиот адвокат, додал Гаскоњ.
Поради ова Салдана поминал уште шест години во затвор пред обвинителот повторно да ја отвори истрагата и да го прогласи за невин, истакнал Гаскоњ.
Обласниот обвинител не објавил повеќе детали за случајот, но им се извинил на Салдана и неговото семејство.
„Знам дека ова нема да ги врати децениите што ги поминавте и издржавте во затвор. Но, се надевам дека нашето извинување ќе биде мала утеха додека го започнувате вашиот нов живот. Не само што е трагедија да се испрати невин човек во затвор, туку секогаш кога ќе се случи ваков тип на неправда, за тоа време вистинските виновници одат на слобода и прават нови злосторства“, рекол Гаскоњ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …