Дали ќе продолжи вакцинацијата со АстраЗенека? Еве во кои земји е стопирана оваа вакцина!

СЗО синоќа соопшти дека вакцинирањето со АстраЗенека треба да продолжи засега, ЕМА денес ќе ги објави своите заклучоци…
Светската здравствена организација вчера попладне препорача „вакцинирањето засега“ со вакцината на АстраЗенека за ковид-19 да продолжи, иако е суспендирана од повеќе земји поради повеќе случаи на сериозни несакани ефекти.


„Засега СЗО верува дека односот ризик-корист е во корист на вакцината АстраЗенека и препорачува вакцинирањето да се продолжи“, соопштија од СЗО, додавајќи дека нејзините експерти, чие мислење со нетрпение се чека, сè уште ги анализираат податоците за нзабележаните здравствени проблеми. СЗО не прецизира кога неговите експерти, кои се собраа вчера, ќе ги објават своите заклучоци.
Денес ќе се одржи вонреден состанок на ЕМА, по што треба да се знаат нејзините заклучоци, што ќе ги води европските земји во дозволувањето или блокирањето на вакцината АстраЗенека.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …