Да бидеме хумани: 26.годишно момче има редок вид тумор, единствен во Македонија

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран тумор на ТИМУС жлездата.

Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови.
Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на рак. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за лекување, но веќе ја прими и првата хемотерапија.


Вкупните трошоци на радиотерапијата и хемотерапијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра. Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци, а тоа е 19.700 евра.


„Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи операцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман“, велат од неговото семејство.
На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира.Можност за донација е преку интернет сајтот кој можете да го најдете ТУКА.


Вие ја избирате сумата која сакате да ја донирате.

Може да се донира и на ВИП 143-486 и ТЕЛЕКОМ 143-102

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …