ЧЕСТ – Влатко Груевски ќе ја изведе химната на „Десет дена крушевска Република“

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година ќе ја има честа на манифестацијата „Десет Дена Крушевска Република” да ја изведе државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на „Гумење”, како и на централната прослава на празникот „Илинден” на 2.ри август на „Мечкин Камен”.


Неуморниот оперски пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона „The Art of Power”, насловен „Во чест на Тоше Проески”, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС „Десет Дена Крушевска Република”, со почеток во 20 часот. Сите настани се во пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …