БОРБА СО КОРОНА ВО СВЕТОТ: Во Бразил повеќе од 300.000 заразени, на аеродромите во Турција тестирање за оние без тест

* Повеќе од 5.197.000 луѓе се заразени со вирусот корона, а 334.675 починале
* 2.082.717 луѓе закрепнале од вирусот на корона
* Америка е сè уште најголемото жариште. Во Соединетите држави, повеќе од 1.620.000 луѓе се разболеле, а повеќе од 96.000 умреле


Во Бразил повеќе од 300.000 заразени
Рекордни 1.188 смртни случаи како резултат на коронавирусот се регистрирани во Бразил во четвртокот, а заразени се повеќе од 20.000 лица, соопштило Министерството за здравство.
Бројот на заразени во Бразил достигна 310.087, што ја направи оваа латиноамериканска земја трета најзаразена, зад САД и Русија, пренесува Ројтерс.


Турција: На аеродромите тестирање на патниците кои немаат тест
Патниците кои пристигнуваат на аеродромите во Турција ќе треба да направат тест за коронавирус доколку не го сториле тоа најмалку 72. часа пред пристигнувањето, изјавил турскиот министер за култура и туризам Мехмет Ерсој.
„Имаме изградено дијагностички центри на аеродромите каде ќе доаѓаат повеќето туристи. Ќе ги тестираме патниците кои не биле тестирани во последните 72 часа“, рекол Ерсој за ТАСС.


Од Австрија во Унгарија само со потврда од тест
Само на оние кои имаат потврда дека се негативни на тестот за коронавирус извршен во претходните четири дена, ќе им биде дозволено да влезат во Унгарија од Австрија, јавува агенцијата МТИ.
Според вчерашната одлука на унгарската влада, доколку, сепак, симптомите се појават во рок од 14. дена, пациентите ќе мораат да одат во самоизолација и да ги известат властите за тоа.



РЕГИОН
Словенија – 1.468
Хрватска – 2.237
БИХ – 2.350
Србија – 10.919
Македонија – 1.898
Црна Гора – 324
Албанија – 969
Бугарија -2.372
Грција – 2.853

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …