Бора Ѓорѓевиќ води битка за живот!?

Рок музичарот и басист на групата „Рибља чорба“ Миша Алексиќ почина на 29. ноември, на 67-годишна возраст, од последиците од коронавирусот, но Бора Ѓорѓевиќ не присуствувал на неговиот погреб, бидејќи се бори за живот против ракот, кој се проширил и на белите дробови.
Пејачот и фронтмен на групата „Риба чорба“ Бора Ѓорѓевиќ, кој живее со своето семејство во Љубљана, не дошол на погребот на својот долгогодишен пријател, бидејќи тој наводно се наоѓа во многу тешка состојба.


На Бора минатата година му бил дијагностициран карцином на простата, а неодамна неговата состојба наводно се влошила.
„Бора води битка за живот. Неговата здравствена состојба значително се влоши, ракот се прошири на белите дробови, па Бора редовно оди на хемотерапија. Лекарите прават се што е во нивна моќ да ја стабилизираат состојбата на Бора, и токму поради таа причина тој одлучи да не доаѓа на погребот на Миша. Дополнителен ризик е коронавирусот, кој би бил фатален за Бора, кој и онака е во лоша состојба“, изјавил добро информиран извор за „Објектив.рс“.



Изворот додава дека Бора ретко го напушта семејниот дом, како и дека неговата сопруга му е најголема поддршка во тешките моменти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …