(ФОТО) Германија: Евакуација поради бомба од половина тон од Втората светска војна

Скоро 13.000 жители на луксузната населба во Франкфурт биле евакуирани поради бомба тешка 500 килограми, останата од Втората светска војна.
Илјадници жители на ексклузивната област Галус во германскиот финансиски центар, во Франкфурт, биле евакуирани од своите домови пред деминирање и отстранување на половина тон британска бомба од Втората светска војна. Скоро 13.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови утрово, вклучително и жители на неколку домови за стари лица.
Сите оние кои немаат каде да одат до недела навечер, локалните власти понудија да се сместат во изложбениот салон во близина.
Откритијата на бомбите од Втората светска војна не се невообичаени во Германија. Во октомври беше пронајдена огромна, т.н. „земјотресна“ бомба во близина на германско-полската граница.


Сојузничките сили редовно го бомбардираа Франкфурт за време на Втората светска војна. Во јуни во градскиот конгресен центар беше пронајдена бомба тешка 500 килограми. Во јули 2019. година беше пронајдена голема бомба во близина на седиштето на Европската централна банка и по тој повод беа евакуирани 16.500 луѓе.
Во септември 2017. година, околу 65.000 жители на Франкфурт мораа да ги напуштат своите домови со цел да се деактивира бомба од два тона. Тоа беше најголемата евакуација на населението од крајот на Втората светска војна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …