БЕЛКАТА ПРАВИ ЧУДА ЗА НАШАТА КОЖА: Еве како би требало да ја користите наместо СКАПИ КРЕМОВИ!

После третирање на лицето со белка од јајце, кожата ќе биде затегната, чиста и сјајна.
Доколку сте останале без креми кои нормално ги нанесувате на кожата на лицето, ви предлагаме да пронајдете алтернатива во една намирница што ја чувате во фрижидер – јајце, поточно белка од јајце.

Белката содржи протеин што ја прави кожата еластична и ја затегнува, ја обновува и го поддржува растот на клетките. Исто така, има калиум, кој хидрира, а рибофлавинот е чист од токсини и ја отстранува нечистотијата, додека магнезиумот е одговорен за високиот сјај на кожата.


„Белките најдобро делуваат на мрсна кожа, која е полна со себум и нечистотии. За почеток, добро измијте ја кожата на лицето, вратот и деколтето, а потоа ставете ги изматените белки од јајцата со четка на проблематичните делови на кожата. ”


Чистење на лицето од митесери
Црните точки (митесерите) ја напаѓаат “Т зоната”, затоа е потребно чистење со разни пилинзи, маски и други козметички третмани.
Сепак, една белка може да ви заштеди време, како и пари, кога станува збор за борба против митесерите.
Размачкајте ги изматените белки преку лицето, а потоа залепете парче салфетка преку кожата, правејќи маска. Потоа со четкауште еднаш минете преку салфетката. Оставете да се суши околу десет минути, а потоа извадете ја салфетката од кожата. Како што ја влечете салфетката, така ќе ги повлечете и митесерите, но и целата друга нечистотија.


Затегнување на кожата и сјаен тен
Доколку сакате да ја затегнете кожата на најбрз начин, може да ви помогнат добро изматените белки, кои ќе ги нанесете преку лицето, вратот и деколтето.
Оставете белките да стојат дваесетина минути додека не почувствувате затегнување на кожата. Потоа исплакнете со млака вода и кожата ќе биде поцврста, а тенот ќе биде сјаен.
Исто така, оваа едноставна маска може да ви помогне доколку имате проблем со мозолчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …