Бела ноќ во Кинотека

Кинотека во рамки на 19-то издание на културниот настан “Бела Ноќ” учествува со видео и аудио програма. Програмата е конципирана со акцент на македонските филмски и музички достигнувања. Филмскиот дел опфаќа проекции на македонски кратки филмови и излагање за историјата на македонскиот краток филм. Музичкиот дел е составен со концертни настапи на македонски електронски музичари. Музичкиот дел ќе биде збогатен и пропратен со визуелизации.

Програма:

 


Кино Сала – 20 часот
Проекции на македонски кратки филмови
Излагање за историјата на македонскиот краток филм од страна на филмските работници Саша Станишиќ и Јане Алтипармаков

 

Хол на Кинотека – 22.30 часот
Музички настапи на:
Martchin (dj set)
L.O.V.D. (live act)
Todor Karakolev (live act)
Robotek (live set)
Petar John (visuals)

 


Влезот е слободен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …