„Џез подома си слушаме“ со концерт на Црно дете и Taxi Consilium во Порта Џез во Битола

Вечерва во Пабот Порта Џез во Битола со почеток од 22:00 часот, ќе се случи интересен џез настан насловен по еден легендарен битолски графит, „Џез подома си слушаме“. Ова е мала прослава на автентичниот и авангарден џез, на која ќе настапат два од според нас најбитните состави активни на регионалната современа џез сцена.

На настанот ќе настапат Crno Dete од Србија, музичко отелотворување на прелеаните микроверзуми на тројца музичари, кои од 2011 година создават музика која ќе ги накостреши влакната со нејзината еклектичност, смелост и вибрантност. Во својата тричлена инкарнација, тие свират инструментална музика, најчесто создадена за време на самата изведба, без претходен договор или подготовка. Свират рок кој е ноиз, џез кој е панк и фолк кој е турбо.

 


Заедно со нив ќе свират непоправливо декадентната домашна Такси дружина, Taxi Consilium, која ќе ни овозможи прошетка во noir манир во ситните часови од ноќта, носејќи н низ матните сокаци на нивната свест, само за да завршиме на offroad патче без GPS, токму таму каде што треба да бидеме.
Група составена од четворица врвни џез музичари со многу километри музика позади нив, Филип Букршлиев (гитара), Благојче Томевски (кларинет), Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани) ќе ве однесат на неверојатно патување со исклучен таксиметар.

 

Карти: 150 денари претпродажба/200 денари на врата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …