Бадник на Водно

Во организација на „Прв до врв“, во сабота на 6 јануари 2024 година, ќе се случи традиционалното искачување до врвот на Водно на Бадник.

Поканети се сите пријатели на „Прв до врв“, спортските ентузијасти и љубители на планината, планинари, велосипедисти и рекреативци, да се придружат на заедничко одбележување на Бадник, на Водно.


Заедно ќе кршиме лебче со париче за да добиеме нов кум, а кумството ќе го предаде кумот за изминатата година. Традиционално, со секое лепче даваме гратис учество за „Прв до врв“ Водно на 19 мај. Значи, на еден/на ќе му се падне паричето, но на сите ќе им се падне ваучер за учество на „Прв до врв“, се вели во објават од организаторот.

Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …