Сеќавање: на денешен ден беше роден нашиот поет, раскажувач и публицист Петре Бакевски

Петре Бакевски е роден во Кавадарци на 5 јануари 1947 година. Тој беше истакнат македонски поет, раскажувач, публицист и театарски критичар.

Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер“. Бил директор и главен уредник на Книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1974 година.


Автор е на книгите: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината карта (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија, 1990), Те а Ма са (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000).

Добитник е на наградите: „13 ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“ и други.


По долго боледување починал во Скопје на 25 август 2001 година на 64-годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …