Аплицирањето за Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2023 започнува в понеделник

Аплицирањето за Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2023 започнува в понеделник, на uslugi.gov.mk

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија соопшти дека од понеделник, 17 октомври, во 8 часот, ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот.


„Користејќи ги позитивните, но и негативните искуства од претходното, всушност, прво аплицирање по електронски пат, оваа година електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура. Тоа го правиме со цел дополнително да ја поедноставиме процедурата, на апликантите да им заштедиме и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат, како што се, на пример: уверение за државјанство, увид во тековна состојба и слично”, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

This image has an empty alt attribute; its file name is Pres-1.jpg


На прес-конференцијата беше кажано дека техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги објасни придобивките од новиот начин на аплицирање кој се воведе минатата година со што, межу другото се скрати времето за евалуација на поднесените пријави за десетина илјади работни часови, а се избегнаа можностите за злоупотреба, како менување или дополна на пријавите.


Таа додад дека со новиот начин на аплицирање, пак, добиваме нова придобивка. „Преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените во правилата на Конкурсот. Затоа, и во оваа пригода ги замолувам корисниците да обрнат внимание на Општите услови и на условите за аплицирање во секоја дејност одделно. Особено во делот кај условите, со колку проекти може да се конкурира по дејност бидејќи, да повторам, системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Новина годинава е што, за првпат и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

Помош во делот за пријавите корисниците и натаму ќе можат да побараат од секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …