Амбасадата на Италија и CEI ќе го презентираат повикот Know-how Exchange Programme 2022

Во петок, 27 мај, во Хотел Мериот, Скопје, со почеток во 9:30 часот, ќе се одржи презентација на
повикот за поднесување предлог проекти во рамките на Програмата “Know-How Exchange Programme” (KEP) 2022, целосно финансирана од Република Италија преку фонд на Централно Европската Иницијатива и ЕБОР.

Настанот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Централно европската иницијатива (CEI) и има за цел да ги запознае заинтересираните организации и институции со правилата за аплицирање, но и со успешни примери на проекти финансирани во изминатите години во рамките на овој повик.


По излагањата и презентациите на успешните проекти, претставниците на ЦЕИ и на Министерството за надворешни работи на Италија ќе бидат достапни за консултации и прашања во врска со повикот.

Програмата за размена на знаења (КЕП) е инструмент за поддршка на проекти и програми фокусирани на трансфер на знаење и најдобри практики од земјите-членки на ЦЕИ и ЕУ во земји од ЦЕИ кои не се членки на ЕУ. Програмата КЕП кофинансира проекти за градење капацитети и техничка помош, со што им овозможува на институции од ЕУ да го споделат своето искуство со своите партнери од земји кандидати за влез во ЕУ, со што им помагаат да се доближат констандардите и политиките на Европската Унија.
Од 2004 до денес, финансирани се вкупно 129 проекти со вкупен придонес на Фондот на ЦЕИ од над 3,7 милиони евра.


Презентациите ќе бидат на англиски јазик.
Повеќе информации на https://www.facebook.com/events/427042272151223

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …