Насловот на текстот веднаш асоцира на филмот „П.С. Те сакам“ кога вдовицата добива писма од нејзиниот сопруг…
Но, маж од Кентаки се осигурал, пред својата смрт, сопругата секоја година да добива цвеќе за Денот на вљубените, и тоа трае веќе осум години, пренесува CNN.
Сопругата на Рич Кокс веќе осум години добива букет за својот роденден но и Денот на вљубените, кој е еден ден подоцна.
Кога Трејси првпат добила цвеќе, една година откако Рич починал, била шокирана од чинот на својот сопруг.
„Беше многу емотивно“, рекла таа за CNN.
„Бев тажна, но во исто време и среќна, бидејќи знам дека секогаш ќе биде со мене“.
Цвеќето од 2013. година продолжува да пристигнува секоја година, со порака која се менува.
„Иако не ме гледаш, Трејси, јас сум секогаш тука. Те сакам, Рич“, пишува во онаа од 2018. година.
Парот бил заедно 26. години, а сопругот во својата 53. година ја загубил битката со рак на грлото.