(ФОТО) Аки Рахимовски (64) добил ќерка со 27. години помладата партнерка


Популарниот пејач на „Парни ваљак“ пред три месеци повторно станал татко, што конечно и го потврдил. Негова партнерка е 27. години помладата Барбара…
Фронтменот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (64) повторно станал татко. Имено, го добил третото дете, прво со таинствената Барбара (37) што и го потврдил на хрватските медиуми кога го побарале да му честитаат.


Веста прва ја објавил РТЛ Ексклузив, чија екипа се упатила во Словенија, каде што Барбара живее, за да разговараат со пејачот и неговата нова избраничка. Парот не бил дома, но соседите и мајката на Барбара ја потврдиле среќната вест. За РТЛ Ексклузив, Розалија, мајката на Барбара, открила дека девојчето се вика Антонија, а на свет дошла пред три месеци.
„Се е одлично. Девојчето се вика Антонија. Задоволна сум со Аки“, рекла Розалија. Словенката Барбара работи како здравствена техничарка, а соседите потврдиле дека популарниот пејач, често, го гледаат со количка.



Како што РТЛ тврди, Аки се преселил во Словенија, кај новата избраничка.
Ова е трето дете на пејачот, после синот Кристијан (38) кој е исто така музичар и ќерката Едина која ја добил во бракот со Ингрид со која ретко се појавувал во јавност. Со бившата сопруга Ингрид бил 40. години во брак, а на таа врска, сега, очигледно, и дошол крај…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …