(ВИДЕО) СЕ БИЛО ИДЕАЛНО ДО САМОТО ПОРОДУВАЊЕ: Кога ја родила ќерката дознала за МОРБИДНАТА СУДБИНА што ја чека!

Ана Сакидон, девојче од Украина, починала на осумгодишна возраст. Иако имала само осум години, биолошки, имала 80. години.
Ана страдала од исклучително редок вид на прогерија, еден вид генетско заболување кое се карактеризира со предвремено стареење. Само 160. луѓе во светот страдаат од оваа состојба.
Ана го прославила својот осми роденден во јануари 2020. година, тешка само седум килограми.


Според украинските медиуми, Ана починала затоа што и откажале неколку внатрешни органи, што е последица на предвременото стареење. Нејзината мајка Ивана вели дека била подготвена да жртвува баш се за да и помогне на нејзината ќерка некако да оздрави.
„Мојот единствен сон беше дијагнозата што и ’ја дадоа лекарите’ да излезе дека е погрешна, и дека таа ќе порасне во здрава девојка. За жал, тоа никогаш не се оствари“, вели Ивана.


Д-р Надежда Катаман, кај која Ана доаѓала од раѓање, го навела следново:
„Во јануари, Ана наполни осум години. Обично, децата со прогерија не достигнуваат десетгодишна возраст, што е еквивалент на осумдесеттите години. Нејзините коски растеа екстремно бавно, додека нејзините органи брзо старееја. Пациентите со прогерија обично умираат како резултат на мозочен удар, што и се случи и на Ана, која имаше неколку удари и на крајот нејзините екстремитети останаа парализирани“, вели д-р Надежда.



Инаку, Ивана до самото породување не знаела дека ќе роди дете со оваа ретка болест. Кога што и било кажано, паднала во депресија. Тогаш, следел оптимизмот кога Ана имала 10. месеци, а на 11 месеци шетала насекаде по својата мајка. Сепак, вели Ивана, имала страв од светлината, па куќата ја напуштале само ноќе.
На три години, се сеќава Ивана, таа го прегрнувала и бакнувала омиленото кадифено мече, но никогаш не сакала да ги бакнува луѓето, вклучително и нејзината мајка.
Инаку, истражувањата покажуваат дека овој вид на прогресија се јавува еднаш на 20. милиони случаи, а во моментов се познати 160. случаи низ целиот свет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …