Останал препознатливиот изглед, како и бројни паметни решенија, но сега во две изведби.
Новиот модерен дизајн внесува прекрасна едноставност во безвременскиот изглед на Jazz, велат во Хонда. Новост е и Crosstar изведбата во кросовер стилот, а донесува пластични облоги, двобојна комбинација и кровни носачи.
Интериерот е минималистички, а посебно внимание е посветено на ергономијата. Стандардната опрема ја чини средишниот HMI 9” екран чувствителен на допир и 7” TFT инструмент.Новост е водоотпорната ткаенина и низа иновации со кои се зголемува просторот. Секако, т.н. волшебни седишта остануваат препознатлив дел на возилото, како и рамниот под.
Под хаубата е хибриден погон кој комбинира бензин и електричен мотор, се разбира во комбинација со менувач CVT.
Моделот доаѓа во Европа во текот на летото.