Ако некој живее брзо и бучно, тогаш тоа е Таина Лициардо-Тоивола, мајка на десет деца.
Сепак, 41.годишната жена од Австралија одлично се снаоѓа благодарение на својата добра организација.
Таа со сопругот живее во Финска, а заедно одгледуваат десет деца, од кои најстарото има 20. години а најмладото – шест месеци..
„Мојот ден започнува нешто пред 3. часот наутро. Тогаш времето го минувам сама, во мир и тишина. Кога децата ќе се разбудат, почнува лудницата“, вели Таина, која исто така наоѓа време да чита или вежба.
„Поголем дел од денот го поминувам во готвење и ги водам своите деца на активности. Некои свират инструменти, некои учат странски јазици“, додава таа, истакнувајќи дека клучот за успехот е паметното планирање.
Таин својата рутина ја споделува на социјалните мрежи, а пред нешто повеќе од една година, покажала како изгледа утро со нејзините деца. Ќе се согласите, доста нереално.