(ВИДЕО) Објавен вториот трејлер за „Џентлмен“ со Меконахи!

Откако на почетокот на октомври пред јавноста беше претставен првиот трeјлер за најновиот акционен хит „Џентлмен“, фановите деновиве беа израдувани и со вториот во кој се гледаат некои интересни сцени во кои се појавува Метју Кеконахи, кој го игра лондонскиот крал на марихуаната.
Фабулата на филмот се врти околу дилерот Мики Пирсон, пренесен од Меконахи, кој се обидува да го продаде своето царство на династија на милијардер од Оклахома.
Тој, меѓутоа, одеднаш ќе се најде пред бројни ривали кога ќе се појави веста дека се подготвува на повлекување од царството на наркотиците.


Меѓу имињата што се појавуваат во филмот се и Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Џереми Стронг, Еди Марсан, Колин Фарел и Хју Грант.
Сценариото и режијата ги подготви Гај Ричи, а американската премиера на филмот е закажана за 24 јануари, по што ќе следи и дистрибуција низ кината ширум светот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …