(ФОТО) Прес на „Љубојна“ пред неделниот концерт: Многу гости и изненадувања!

Денес беше одржана прес конференција на „Љубојна“ пред концертот во недела во НОБ…
Вера Милошевска и Оливер Јосифовски ги запознаа присутните со деталите за концертот како и иновациите на истиот.
Интересно е дека во недела покрај насловната нумера „Севдо ле“ за која беше објавен и спот,премиерно ќе биде изведена и нумера која е комплетно дело на Вера, музика и текст…


Инаку, беше најавено дека концертот ќе има дигитална сцена и многу гости…
Останува да видиме и слушнеме што ново „Љубојна“ подготви за неделниот концерт во НОБ.


Пред шест месеци „Љубојна“ беше гостин на концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, а сега Оливер и Вера најавија скорешен концерт во Хрватска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …