Серијата „Игри на пресотлите нема така лесно да доживее крај. Имено, веќе е најавен документарецот „Игри на престолите“ кој ќе претставува двочасовен филм за тоа како е снимана последната сезона но и со многу интервјуа.
Документарецот ќе се појави после емитувањето на последната, осма сезона на серијата.
Со оглед на тоа дека последната сезона се најавува како најскапа, најшокантна и најкомплексна, документарецот ќе следи како точно се одвивало снимањето.
Филмскиот продуцент Жини Финли е задолжен за претстојниот документарец кој е најавен за 26. мај.
HBO нагласил дека документарецот ќе биде посебен вид почест на брилијантната приказна на Џорџ Р.П. Мартин.
Сепак не е крај на „Игри на престолите“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.