(ВИДЕО) Резултати за една недела – Затегнување на лицето без операција: Славен метод на доктор Попов!

За да што подолго се задржи младешкиот изглед без одење под нож…
Многу жени сонуваат лицето што подолго да им остане младо и без брчки. Доктор Питер Попов развил метода за фејслифтинг без операција користејќи едноставни и многу ефикасни вежби.
Обично, кога се сака да се направи затегнување на лицето жените обрнуваат внимание само на кожата. Меѓутоа, под кожата се наоѓаат сврзувачко ткиво и лигаменти кои ги повлекува дијафрагмата.
Ако научите правилно да ја истегнете дијафрагмата ќе направите лицето – не кожата, туку сврзувачкото ткиво да ви се истегне.


Внимателно погледнете како се изведуваат вежбите а потоа повторете:
1. Вдишете остро. Докторот изгледа како дека ќе кивне, вдишува, го чеша носот и…
2. Остро издишување. Со звучно издишување, го наведнуваме телото и застануваме во положба „на голман“. Вака воздухот излегува што е можно повеќе и дијафрагмата се опушта што е можно повеќе.
3. За време на издишувањето,задржете го воздухот и ќе почувствувате како абдоменот се крева како се прави правилно вежбата. Дијафрагмата максимално се крева и го повлекува абдоменот со себе.
4. Следното вдишување е звучно, додека вовлекуваме воздух во плуќата со помош на усните.


Не бидете резервирани додека ја правите оваа вежба, никој не ве брза, морате да се одморите, обновете го здивот помеѓу вежбите. Во исто време важно е да почувствувате дека исправно ја правите вежбата – треба да почувствувате дека целото тело е затегнато а лицето кое во тој момент е најдобро опуштено е нежно стегнато.
Кога дијафрагмата ќе се затегне, се затега и целото сврувачко ткиво. Дијафрагмата е слична на центарот на напнатост, таа е како мрежа која се истегнува од сите страни – од рацете, од нозете, но и најважното за нас – подрачјето на лицето.


Поради тоа, кога вдишуваме, издишуваме, ја затегнуваме дијафрагмата и го опуштаме лицето, лицето се истегнува колку е можно повеќе. Како резултат – брчките се исправаат.
Овие вежби треба да ги правите на празен стомак или 2 – 3 часа после оброкот.
Направете колку сакате повторувања, но не помалку од три. Ако вежбате секојдневно резултатите ќе ги видите веќе после една недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …